Ливерпул
изминатово лето се обиде да го купи Вирџил ван Дијк за 60 милиони фунти, но се
повлекоа од зделката откако Саутемптон се полажи дека Јирген Клоп без нивна
дозвола разговарал со играчот и „Светците“ се заканија дека ќе достават жалба
до ФИФА.
Сепак, неколку
месеци подоцна, двата клуба си подадоа рака за неверојатна зделка вредна 75
милиони футни (84,5 милиони евра).
Оваа бројка го прави Вирџил ван Дијк далеку најскапиот дефанзивец во историјата
на фудбалот, и многумина се шокирани од сумата која Ливерпул ја плаќа.
По лудилото на
Ливерпул, социјалните мрежи веднаш го потсетија Јирген Клоп што говореше кога
во јули 2016 се шпекулираше дека Манчестер јунајтед ќе го купи Пол Погба за рекордна
сума.
„Доколку купите
еден играч за 100 милиони фунти и тој се повреди, тогаш сте ги изгореле парите” – ги прокоментира Германецот
најавите на медиумите за враќање на Пол Погба на Олд Трафорд.
„Дентот кога ова
е фудбал, јас повеќе нама да работам, бидејќи ова е тимски спорт. Сите вака го
разбираат фудбалот. Секако дека ги сакате најдобрите, но за да бидете успешни
треба да изградите тим. Другите клубови можат да прават што сакаат, да трошат
пари и да ги ангажираат најдобрите”.
„Јас сакам да ги
правам работите поинаку!”
Во август 2016, Пол
Погба беше купен за тогашни рекордни 89 милиони фунти (105 милиони евра), па Јирген
Клоп сега си го погази зборот бидејќи плати 75 милиони фунти (84,5 милиони евра) за Вирџил ван
Дијк во обид по секоја цена да ја засили кревката одбрана, која е најслаба алка на
неговиот тим.