По двата гола против Барса, Барди утрово имаше емотивна средба со својот прв тренер (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Македонецот
можеби не постигна гол од слободен удар за да го изедначи рекордот на Лео Меси,
но затоа пак два пати ја тресеше мрежата на Тер Штеген и беше еден од
најзаслужните за големата победа на неговиот Леванте од 5-4 против „Каталонците“.

Енис Барди за
овој меч имал и посебна мотивација, од трибините на Сиутат де Валенсија го
гледал неговиот прв тренер Бедри Салиу. Утрово искусниот стратег го посети и
тренингот на Леванте и имаше емотивна средба со својот поранешен пулен.


Леванте за
услугите на Еис Барди плати околу 1,5 милиони евра, па со девет погодока до
овој момент и делба на првото место најдобар стрелец, тој е повеќе од
исплатлива инвестиција. Македонецот особено ги импресионираше сите во Шпанија со својата техника
за изведување слободни удари, и со пет гола од прекин веќе влезе во историјата
на Леванте, а си обезбеди и место помеѓу легендите на Ла Лига како Меси и
Роналдињо.

Дека ова не е
случјано, Бедри Салиу им открил на новинарите од Шпанија дека Енис Барди уште
како младинец на тренинзите на Шкупи погодувал три пати од четири обиди од
слободен удар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани