2,7K
Мишел Платини,
поранешниот прв човек на Европската куќа на фудбалот, моментално е суспендиран
од фудбалот поради корупција, тој вели дека бил наместен календарот од
Светското првенство во 1998. година, на кој домаќин беше токму Франција.
„Кога го правевме
календарот се служевме со мали трикови.
Требаше само ние и Бразил да завршиме како првопласирани во своите групи
за да не можеме да се сретнеме никако пред финалето. Тоа на крајот и се случи“
открива Платини.
Што се однесува
на тоа Светско првенство на кое токму Франција го подигна пехарот, двата
финалисти беа одвоени во однос на групната фаза, за на ждрепката да се најдат
една спроти друга.