Пике предводи бунт во Барселона?

by
1 минути читање

Меси доби нов, богат
договор со Барселона, и на тоа соиграчите од тимот немаат никакви забелешки.

Долго време Барселона се
поврзува со трансфер на Филипе Кутињо, како и Антоан Гризман.

Наводно Кутињо веќе
договорил годишна плата од 14 милиони евра, што би го направил третиот
најскапоплатен фудбалер во тимот по Меси и Суарез, а шпекулациите дека Гризман
би бил уште повеќе платен од Кутињо, односно израмнет со Суарез се чини дека не
се добро прифатени во соблекувалната на тимот.

Се шпекулира дека сиве
овие најави предизвикуваат бунт во соблекувалната на Барселона, а како најголем
противник на овие потези на клубот се појавува Жерард Пике, за кого е познато
дека е еден од фудбалерите со најголемо влијание во тимот, по Лионел Меси
секако.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани