Се уште е актуелна
темата околу заминувањето на Нејмар од Барселона и преселбата во Париз Сент
Жермен за рекордни 222 милиони евра, за многумина беше изненадување овој потег
на Бразилецот, за други очекуван.
Неговиот поранешен
клупски соиграч, Пике, вели дека има целосно разбирање за одлуката на Нејмар.
„Како фудбалер секогаш
се обидувате да го дадете максимумот од себе за клубот а воедно креирате и
пријателски односи со соиграчите – со Нејмар односите беа навистина одлични“ вели
Пике за „Телеграф“.
„Дури и кога навистина
болеше тоа што си замина, како негов пријател ја разбирам неговата одлука и
зошто сакаше да замине во Париз. Се обидов да бидам фер кон него без разлика на
било што“ додаде тој.
Пике смета дека желбата
на Нејмар за освојување на Златната топка е главната причина за преселбата во
ПСЖ, каде ќе биде главна ѕвезда во тимот.
„Знам дека желбата на
Нејмар да ја освои Златната топка е огромна, така да можеби со право си замина во
Париз каде ќе биде прва ѕвезда во тимот“ рече Пике.