Медиумите веднаш почнаа да шпекулираат имиња за можните наследници на Зинедин Зидан, кој и да седне на жешкото столче ќе има голем товар оставен од француската легенда.
Се шпекулира дека Маурисио Покетино е првата желба на Флорентино Перез. Тој играше и беше тренер во Еспањол па добро ја познава шпанската лига.
Второ име кое се споменува е Арсен Венгер, легендарниот стратег на Арсенал сега е слободен тренер и во следната сезона ќе има нов клуб. Тој кажа дека во текот на кариерата неколку пати бил контактиран од Реал Мадрид, па можеби тој дил овој пат ќе се реализира.
Меѓу кандидатите се споменува и Антонио Конте. Италијанецот се уште не се разделил официјално со Челси, но речиси сигурно е дека ќе замине од Англија ова лето, па и тој важи за еден од кандидатите за наследник на Зидан.
На списокот на можни наследници се и Маурицио Сари и Лорен Блан кои исто така се слободни тренери.