Перез: Кејн е одличен фудбалер, но…

by
1 минути читање

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез демантираше
дека клубот има намера да го доведе напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, а како
причина за тоа ја наведе големата сума која би ја побарал неговиот тим, како и
тоа што во своите редови веќе го има Карим Бензема.

„Доведувањето на Кејн во Реал Мадрид не ми помина низ
главата, одличен фудбалер е, пред се
’ млад, но не го контактиравме Тотенхем за ова
бидејќи сопственикот би ми барал 250 милиони евра. Пред него се години на
напредување, а ние сме воодушевени од Бензема и од останатите во нашата екипа
“ рече Перез.

Во последниов период се зголемија шпекулациите дека Реал
Мадрид е сериозен во намерата да се засили со еден од најдобрите напаѓачи во
светот, но, по оваа изјава на Перез се чини дека Кралевите немаат таков
интерес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×