Реал Мадрид има
очајна сезона, „Кралевите“ заостануваат 19 бода зад Барселона а доживеаја и
срамна елиминација во Копа дел Реј од Леганес.
Избраниците на
Зинедин Зидан ќе треба да се спасуваат во Лигата на шампионите, но задачата
нема да биде лесна бидејќи за противник го имаат ПСЖ. Фудбалерите против
„Светците“ не само што ќе играат за својот образ туку и за сопствената иднина
на Сантијаго Бернабеу.
Според денешното
издание на АС, иднината на дури 11 играчи виси на воздух, односно на половина
состав.
На списокот се
наоѓаат голманите Кико Касиља и Кејлор Навас, младите дефанзивци Хаким Ашраф и Хесус
Ваљехо, фудбалерите од средниот ред како Иско, Матео Ковачиќ и Маркос Љоренте
како и сите играчи од форот, почнувајќи од првите ѕвезди Карим Бензема, Герет
Бејл и Кристијано Роналдо па до младиот Борха Мајорал.
Под знак
прашалник е иднината и на Зинедин Зидан и покрај тоа што Французнот во првите 18 месеци на кормилото на Реал, на „Кралевите“ им донесе две титули од Лигата на
шампионите и трофеј од Ла Лига.