Патрис Евра се враќа во Премиерлигата?

by
1 минути читање

Вест Хем е заинтересиран да го врати Евра во Англија. Тој е слободен фудбалер и може да потпише и надвор од преодниот рок.

На почетокот на сезоната Евра имаше инцидент со навивачите на својот клуб пред почетокот на мечот помеѓу Марсеј и Виторија на 2 ноември во рамките од Лига Европа. УЕФА го казни со забрана за играње во Европа до јуни 2018 година, а Марсеј го избрка од клубот.

36-годишниот Евра иако нема клуб, постојано тренира и ја одржува својата фитнес форма. Според англиските медиуми во наредните денови тој би можел да стане фудбалер на Вест Хем.

Францускиот бек помина девет години во Манчестер јунајтед за кој има 379 настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани