68
Хавиер Пасторе не е прва
опција во тимот на Париз Сент Жермен, а нему очајно му е потребна минутажа за
да биде сигурен на списокот на Аргентина за Мундијалот во Русија.
Подолг период тој се
врзува со трансфер во Интер, а според тоа што го изјави во интервју за „Мундо
Депортиво“, очигледно дека нема ништо против таквата идеја.
„Мојот агент веќе имаше
контакти остварено со Интер, но немаше никаков договор. Тоа е клуб кој
навистина ми се допаѓа и доколку дојде време да треба да си заминам од ПСЖ,
дефинитивно прва опција ми е Италија“ истакна Пасторе.