Парма му ја довери клупата на легендарен Романец

by 24 фудбал
1 минути читање

Италијанскиот прволигаш Парма го именува Кристијан Киву за нов тренеро со договор до крајот на сезоната 2025/26.

Легендарниот романски поранешен фудбалер доаѓа на клупата како заменик за Фабио Пеки кој беше отпуштен во понеделникот поради низата лоши резултати и падот во зоната за релегација. Според најавите од Италија, во стручниот штаб на Киву ќе работи Антонио Џилардино, Анџело Паломбо и Николо Паварини.

За Кристијан Киву ова е прв сениорски тренерски предизвик во кариерата.

Парма во моментов има 20 бода по 25 кола во Серија А и ја очекува битка за опстанок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани