Борусија Дортмунд
изминативе години загуби голем број на ѕвезди, кој заминаа од Сигнал Идуна Парк
во потрага по пари и поголема шанса за трофеи. Но Марко Ројс очигледно не сака
да биде запаметен како ваков играч.
28 годишниот
Германец летоска можеше да бира каде да ја продолжи кариерата со оглед на тоа
дека ќе му останеа уште само 12 месеци од договорот, но наместо тоа реши да
остане верен на „Милионерите“.
Тој денеска стави
потпис на нов пет ипол годишен договор и се обврза кон Борусија Дортмунд до
2023.
„Дортмунд е мојот
дом, БВБ е мојот клуб! Како дете сонував да го облечам „црно-жолтиот“ дрес.
Сакам новиот договор да биде јасен знак за мојата иднина” – порача Марко Ројс.
Ова не е прв пат
Марко Ројс да го послуша срцето пред парите. Во 2012 кога доби понуди за нова
авантура, го одби Баерн Минхен за да се врати во клубот од детството и одново
до го облече „црно-жолтиот“ дрес.
Тој потоа во
февруари 2015 реши да стави потпис на нов договор и да ја тргне откупната клаузата
од 25 милиони евра во период кога Дортмунд беше очаен и во зоната за испаѓање.