Тогаш под водство на Жозе Мурињо Интер ја освои тројната круна, дербито против Милан го доби со 2-0 иако мечот го заврши со девет фудбалери откако беа исклучени Снајдер и Лусио.
Интер поведе со гол на Милито во 10. минута. Снајдер доби црвен картон во 26. минута, Пандев во 65. постигна прекрасен гол од слободен удар, а пред самиот крај исклучен беше и Лусио.
„На полувремето водевме со 1-0 и имавме играч помалку. Мурињо ни рече: „Ако сте обединети како тим можете да го добиете дербито и со девет фудбалери“. Така беше. Таа сезона кога ќе имавме некоја криза во соблекувалната или Мурињо или Занети држеа мотивациски говори и излегувавме посилни. Интер е еден од најголемите клубови во светот и тој дрес тежи. Доколку давате се од себе навивачите ќе ве ценат, во спортивно ќе бидете нивна мета и повеќе ќе сакате да играте на гостински терен“, вели Горан Пандев.
„Момците на Спалети треба да останат смирени, условно како гости ќе имаат помала поддршка од трибините. Но тие имаат се што треба за да го добијат дербито, а ако го направат тоа пласманот во Лигата на шампионите ќе биде речиси сигурен“.
Победата од 2-0 на Интер над Милан во која Пандев даде прекрасен гол од слободен удар.