70
Џенова направи големо
изненадување совладувајќи го римски Лацио со 1-2 на негов терен, а победата за
гостинскиот табор ја навести капитенот на нашиот национален тим, Горан Пандев.
Пандев во 55. минута од
средбата во Рим погоди за водство на Џенова, Пароло израмни четири минути
подоцна, но Лаксалт во финишот од средбата донесе три големи бода за Џенова.
Инаку, ова е втор гол
сезонава во Серија А за 34 годишниот македонски офанзивец во дресот на Џенова.