Пандев: Имам освоено многу трофеи, но сите би ги заменил само за Македонија да игра на ЕП

by
1 минути читање

Македонија утре
го продолжува настапот во Лигата на нации, го пречекуваме Лихтенштајн на
домашен терен, а три дена подоцна гостуваме кај Ерменија.

Пред утрешниот
меч ќе биде одбележан и еден голем јубилеј, 25 години од првиот официјален
натпревар на македонската фудбалска репрезентација.

„25 години е
голем јубилеј се надеваме дека со победа ќе го прославиме. Со нетрпение го
очекуваме мечот со Лихтенштајн. Овие два натпревари се одлучувачки за нас, се
надеваме дека ќе победиме утре и во мирна атмосфера ќе се подготвиме за дуелот
со Ерменија“
– вели Горан Пандев.

„Атмосферата во
репрезентацијата никогаш не била подобра, владее големо другарство во тимот. Се
надеваме дека и публиката ќе дојде во поголем број отколку на претходниот меч и
ќе се создаде добар амбиент кој ќе не понесе кон нова победа“.

Горан Пандев ја
освои најголемата клупска титула, Лигата на шампионите, но негов неостварен сон
останува пласман на големо натпреварување со Македонија, сега има идеална шанса
за тоа.

„Се надевам дека
низ оваа Лига на нации ќе се пласираме на Европско првенство и ќе ми се оствари
тој сон, не само на мене туку и на сите во оваа земја. Остварив многу клупски
успеси, но друго е кога се игра за репрезентацијата. Би ги заменил сите титули само
за Македонија да игра на ЕП“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани