Пандев им посака среќа на соиграчите пред мечот со Гибралтар (ФОТО)

by
1 минути читање

Горан Пандев доби жолт картон на гостувањето кај Лихтенштајн поради што е суспендиран за мечот со Гибралтар. Капитенот требаше да го има својот 100. настап во националниот дрес, но на него ќе почека до следната прилика.

Неговите соиграчи од репрезентацијата вечерва со почеток во 20:45 часот ќе ја почнат битката со Гибралтар. Потребен ни е само бод за заверка на првата позиција која ќе не однесе во полуфиналето од лига Д, но за тој меч да го играме на домашен терен ни требаат сите три бода од вечерашниот натпревар.

Горан Пандев преку својот инстаграм профил им посака среќа на македонските репрезентативци кои вечерва ќе истрчаат на „Филип Втори“ Арената.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани