93
Вардар повторно поминува низ неизвесен период во кој не се знае каква ќе биде иднината на клубот. Промените почнаа уште во текот на минатата сезона кога клубот заврши со настапите во Лига Европа.
Се промени комплетниот ростер, Сергеј Самсоненко најави заминување од клубот, а се доцни со плати кон фудбалерите и вработените во клубот што ја прави моменталната ситуација тешка.
„Се случуваат работи кои не се добри за клубот. Исчекувањата никогаш не се добри. Но тоа е, што да се прави. Јас и Илија сме тука и подготвени сме да помогнеме доколку новите луѓе од Градот Скопје сметаат дека можеме да го направиме тоа. Ако има интерес од нивна страна, ќе се договориме“, изјави Дарко Панчев.