Палермо ја претстави
својата нова „9ка“, 24 годишниот Стефано Морео попладнево се појави пред
новинарите како ново засилување на Палермо.
Италијанецот беше
стартер во Венеција во првиот дел од сезоната, но свесен е дека на „Ренцо
Барбера“ главен во нападот е Илија Несторовски.
„Во Венеција го
најдов моето место во тимот, играв во континуитет но тука не очекувам веднаш да
бидам стартер. Знам дека во Палермо ќе има голема конкуренција, знам дека треба
да учам и да станам уште подобар“ – вели Стефано Морео, кој го одбра дресот со
број 9.
„Тренерот ќе
одлучи за мојата минутажа, но со задоволство ќе му би бидам замена на
Несторовски, ќе влегувам од клупа место него или пак да играм покрај него во
форот“.
„Подготвен сум да
се жртвувам за тимот за да имаме одлично првенство и да се вратиме во Серија
А“.