110
Искусниот италијански стратег, Маурицио Сари во новата сезона ќе биде тренер на Лацио, објавија денеска италијанските медиуми.
Од почетокот на неделата се шпекулираше дека Сари би можел да биде нов тренер на Лацио, во меѓувреме двете страни постигнаа договор и работата е готова. Наскоро се очекува и официјална потврда.
Сари го водеше Лацио од јуни 2021 до март 2024 година, на клупата помина 139 натпревари со 67 победи, 30 нерешени резултати и 42 пораза. Најголем успех му беше второто место во 2023 година со што обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Италијанците тврдат дека Сари сега ќе потпише двегодишен договор со можност за продолжување на уште една.