Речиси сите весници од „Чизмата“ пишуваат дека Карло Анчелоти ќе биде новиот тренер на Наполи. Искусниот стратег вчера имаше три часовна средба со првиот човек на „Наполитанците“, Аурелио Де Лаурентис, и двајцата си подале рака.
Карло Анчелоти ќе добие две годишен договор со опција за додатни 12 месеци и ќе стане вториот најплатен тренер во Серија А со плата од 6,5 милиони евра по сезона.
Се говори дека тој со себe на Сан Паоло ќе донесе и четворица соработници: неговиот син Давиде, зетот за неговата ќерка, Мино Фулко, фитнeс тренерот Маури и неговиот син Франческо.
Сепак со оглед на тоа дека Муарицио Сари се уште е под договор со Наполи, официјалната вест за ангажманот на Карло Анчелоти нема да пристигне веднаш. „Наполитанците“ можат да му удрат „клоца“ на Сари и да му исплатат обесштетување од 500.000 евра, но преферираат некој од заинтересираните клубови да ја активира откупната клаузла од 8 милиони евра, сума со која тие ќе исплатат првата година од договорот на Карло Анчелоти.