Озил и врати мило за драго на полицијата од Стоук (ФОТО)

by
1 минути читање

Арсенал обезбеди
убедлива победа од 3-0 над Стоук во денешниот меч од редовното коло во
англиската Премиерлига, а во победата на тимот од Лондон учествуваше и Месут
Озил кој ја одигра целата средба на Емирејтс арената.

Претходно, Озил
се најде на мета на потсмев кога Стоук пред своја публика славеше минимална
победа од 1-0 над Арсенал, прашувајќи ја јавноста за исчезнато лице со презиме
Озил, алудирајќи на фактот што германскиот репрезентативец имаше слаби
перформанси на тој меч. Воедно, еден навивач на Топчиите пријави кражба на еден
гол поради офсајд и не доби удар од белата точка.

Овој пат Озил ги
доби своите драгоцени пет минути, им возврати мило за драго, на социјалните
мрежи напиша дека полицијата во Стоук не помогнала воопшто во „кражбата“, како
што вели тој, минатото лето, по што фудбалерите на Арсенал ги презеле работите
во свои раце.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани