Озил и Гундоган ја разбранија германската јавност по фотографијата со Ердоган

by
1 минути читање

Месут Озил и
Илкај Гундоган се на удар на германската јавност откако обајцата, заедно со
Ченк Тосун, се фотографираа со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Двајцата
германски репрезентативци добија критики од тамошната јавност, но, првиот човек
на Германската фудбалска федерација, Рајнхард Гриндел вели дека сите луѓе прават
грешки, а тврди дека обајцата се свесни за грешката која ја сториле.

Сите луѓе прават
грешки во животот, мислам дека мораме да пронајдеме баланс помеѓу тоа. Мислам
дека обајцата се свесни за тоа дека направија грешка
“ рече тој.

Озил и Гундоган
се фотографираа со Ердоган во Лондон, а во таа прилика му подарија и дрес, а
АКП, политичката партија која ја предводи Ердоган ја објави фотографијата во
својата кампања за претседателските избори кои идниот месец ќе се одржат во
Турција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани