Ова ќе биде доста интересно, Бартон стана тренер на третолигаш од Англија

by
1 минути читање

Џои  Бартон, контроверзниот фудбалер кого ФА
минатата година го суспендираше на 18 месеци поради обложување, одлучи
привремено да и стави крај на својата кариера, а веднаш се посвети во новата
улога, шеф на стручниот штаб на англискиот третолигаш Флитвуд Таун.

Клубот
кој се натпреварува во Лига Еден, или третиот ранг во англискиот фудбал, го
потврди именувањето на Бартон во нов тренер со кого потпиша и третогодишен
договор со него.

Ако нешто е сигурно, тоа е дека овој англиски клуб привлече доста внимание во јавноста за момент по назначувањето на Бартон за нов тренер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани