2,2K
Премиерлигашите
Арсенал и Челси добија сериозна конкуренција за голманот на Атлетико Мадрид,
Словенецот Јан Облак, кој важи за еден од најдобрите голмани во светот на
фудбалот.
ПСЖ, барем според
информациите кои пристигнуваат, се вклучил мошне сериозно во трката за потписот
на словенечкиот голман, а се вели дека неговата откупна клаузула која изнесува
100 милиони евра не е никаков проблем за францускиот гигант.
Облак во изјава
за шпанските медиуми истакна дека нема никакви преговори со Атлетико Мадрид
околу нов договор со клубот, иако тој има важечки договор до 2021. година,
сепак, за одредени богати клубови како ПСЖ, истата сума е речиси „ситница“.