Челси пред натпреварот против Брајтон, кој го загуби со 3-0, се соочи со сериозни проблеми откако Кол Палмер и Жоао Педро не беа на располагање. Но, интересното е што следбениците на фризерот на Марк Кукуреља ја знаеле оваа информација неколку часа пред тренерот Лијам Росениор официјално да го потврди составот.
На профилот „Rileyeagles“ на социјалната мрежа „X“ во вторникот беше објавено:
„Палмер и Жоао Педро вечерва се повредени. Еве ви ексклузива“, при што беа означени неколку популарни профили поврзани со „Фантазу Премиер лига“. Објавата беше придружена со фотографија од Кукуреља додека се шиша со машинка.
Палмер го пропушти натпреварот поради повреда на задната ложа, иако викендот одигра цел меч против Манчестер јунајтед. Педро, пак, не настапи ниту на тој дуел.
Looks like @cucurella3 barber – @RileyPalace was right
— Joel (@FPL_Stormz) April 21, 2026
Palmer and Pedro not in squad pic.twitter.com/XDrmtv5ATn
Ова ново протекување информации доаѓа откако Росениор минатиот месец потврди дека е откриен „крт“ кој однапред им ги доставувал на медиумите почетните состави за двата европски натпревари против ПСЖ.
„Знаеме за кого станува збор“, изјави Росениор на прес-конференција пред мечот со Евертон.
„Немаше никаква лоша намера ниту кон мене ниту кон тимот. Знаеме од каде потекнува информацијата и го решивме проблемот.“
На директно прашање, стратегот на Челси не откри тогаш за кого станува збор.