Легендарниот
Ферги е ментор на Оле Гунар Солскјер па откако Норвежанецот го наследи Жозе
Мурињо на кормилото на „ѓаволите“, упати покана до Шкотот да го посети
Карингтон.
Сер Алекс за
време на празничниот период се појави во тренинг центарот на Манчестер јунајтед
и ја искористил оваа можност да одржи мал говор и да ги мотивира фудбалерите.
Извор од Олд
Трафорд сега за Сан открива дел од говорот, Шкотот им кажал на играчите дека верува во нивниот
квалитет и дека тие се способни повторно да го направат Манчестер јунајтед
доминантна сила и успешен клуб.
„Им кажа на
момците дека оваа група повторно ќе го направи Манчестер јунајтед доминантна
сила и успешен клуб. Им кажа дека верува во нив и дека сака тие да уживаат во
фудбалот кој го играат, неуморно да се борат еден за друг и да го остават
срцето на терен. Исто така им кажа дека клубот е во добри раце, и им вети дека
ќе стане поголем и подобар во годините кои доаѓаат и тие ќе бидат дел од овој
успех“ – вели изворот за Сан.
Фудбалерите се
наежиле по говорот на Сер Алекс и за укажаната поддршка и убавите зборови планираат да се оддолжат, па одлучно посакуваат да донесат трофеј за него и Оле
Гунар Солскјер оваа сезона.
Под водство на
Новержанецот, „ѓаволите“ се како препородени и имаат четири победи во
Премиерлигата и една во ФА Купот. Но првиот вистински тест е овој викенд, кога Манчестер
јунајтед гостува кај Тотенхем.