Официјално: Реијндерс потпиша нов договор со Милан

by 24 фудбал
1 минути читање

Еден од носителите на играта на Милан, Тијани Реијндерс стави потпис на нов договор со клубот од „Сан Сиро“.

Холанѓанецот кој пристигна во таборот на „росонерите“ од ПСВ во 2023 година имаше активен договор и за следните сезони, ама клубот сакаше да го награди за добрите партии. Милан му понуди продолжување на соработката до 2030 година со повеќе од двојно зголемување на платата.

Според новиот договор кој го потпиша, Реијндерс ќе заработува 3,5 милиони евра годишно.

Досега Тијани Реијндерс за Милан одигра 90 натпревари и постигна 16 погодоци, а сезонава игра во солидна форма.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани