Oфицијално: Реал Мадрид остана без уште една своја голема легенда!

by Стефан
1 минути читање

По најавата за разделба, Реал Мадрид денеска потврди уште едно заминување и тоа Раул, една од најголемите икони на „кралскиот“ клуб. Поранешниот голгетер, кој во изминатите шест години го предводеше вториот тим Кастиља, побарал и добил дозвола за заминување.

Шпанските медиуми наведуваат дека Раул бил разочаран бидејќи не добил шанса да седне на клупата на сениорскиот тим, иако долго време важеше за можен наследник на Карло Анчелоти. Реал се прости од легендата со кратка, но емотивна порака: „Засекогаш во нашите срца“.

Раул е дете на Реал Мадрид и за сениорскиот тим настапуваше од 1994 до 2010 година. Во тој период запиша 741 натпревар и постигна 323 гола. И понатаму останува играч со најмногу настапи во историјата на клубот, а беше и најдобар стрелец сè додека не го престигнаа Кристијано Роналдо и Карим Бензема.

На негово место во Кастиља ќе седне Алваро Арбелоа, 42-годишниот поранешен десен бек на Реал кој од 2020 година работи во младинските категории на клубот. Арбелоа веќе се покажа како способен тренер и ќе добие можност да се докаже во третолигашката конкуренција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани