59
Вест Хем ангажираше големо тренерско име за следната сезона, 64-годишниот чилеански стратег се враќа во Англија.
Пелегрини ќе биде најскапо платениот тренер во историјата на Вест Хем со плата од околу седум милиони фунти годишно.
Тој работеше во Кина за 16 милиони фунти годишно, но реши да му се врати на вистинскиот предизвик и да ја намали заработата на повеќе од двојно.
Пелегрини добро ја познава англиската лига бидејќи беше тренер на Манчестер Сити пред Пеп Гвардиола и со граѓаните има освоено една титула во Премиерлигата и два лига купа.