Маурицио Сари е новиот (стар) тренер на Лацио. Римскиот клуб официјално потврди дека 66-годишниот стручњак се враќа на „Олимпико“, една година по неговото заминување.
Сари го водеше Лацио од 2021 до 2024 година, а под негово водство клубот минатата година заврши како второпласиран во Серија А – еден од најдобрите пласмани во поновата историја на тимот.
„По искуството што започна во 2021 година, Сари се враќа во Лацио, привлечен од неприкосновената врска со клубот, навивачите и играчите. Веруваме дека неговиот стил, упорност и работна етика се темелот за амбициозна иднина која му доликува на Лацио“, соопшти клубот.
Сари претходно ги предводеше Наполи, Јувентус, па дури и Челси со кој ја освои Лигата на Европа.
Лацио сезоната ја заврши на седмото место и следната година нема да игра во Европа, што е дополнителен мотив за новиот старт под водство на искусниот стратег.