Официјално: Интер има нов тренер!

by Стефан
1 минути читање

Кристијан Киву денеска и официјално беше промовиран како нов предводник на Интер, откако Симоне Инзаги реши да ја продолжи својата кариера на Блискиот Исток.

44-годишниот Романец потпиша двегодишен договор со миланскиот гигант, кој ќе важи до крајот на сезоната 2026/2027.

Киву е добро познато име за навивачите на Интер, тој беше дел од славната генерација која во 2010 година ја освои историскаата „триплета“, а на теренот беше и соиграч со македонската фудбалска икона Горан Пандев. Својата тренерска кариера ја започна токму во овој клуб, работејќи со младинските категории.

Во периодот од 2018 до 2024 година ги водеше тимовите до 14, 17, 18 години, како и Примавера составот, пред на почетокот од оваа година да го преземе кормилото на Парма, со која успеа да обезбеди опстанок во Серија А.

Сега се враќа на „Џузепе Меаца“, но овојпат како главен стратег на сениорскиот тим, со амбиција да ја продолжи успешната традиција на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани