75
Фирмино кој игра во одлична форма оваа сезона си ја обезбеди иднината во Ливерпул. Клубот го потврди продолжувањето на соработката.
„Одлуката беше лесна. Тука созреав со мојата работа и помошта на целиот тим, клубот се однесува одлично со мене. Многу, многу сум среќен“, вели Фирмино.
„Сакам да играм за Ливерпул. Фановите се одлични и фантастично е како не поддржуваат секогаш“.
Фирмино во Ливерпул дојде од Хофенхајм летото 2015 и досега има 140 настапи и 50 постигнати голови.