74
Евра се врати во Премиерлигата, францускиот фудбалер потпиша краткорочен договор со Вест Хем според кој ќе остане во клубот до крајот на оваа сезона.
„Среќен сум што ќе бидам „чекан“, среќен сум што се враќам во Премиерлигата. Неверојатно е повторно да сте тука, му благодарам на Вест Хем што му ја даде оваа шанса“, изјави Евра.
Евра најголем дел од кариерата помина во Премиерлигата откако речиси девет сезони го носеше дресот на Манчестер јунајтед.
Не се исклучува можноста тој да го продолжи договорот со Вест Хем и за следната сезона.