Официјално: Бенџамин Менди има нов клуб

by Стефан
1 минути читање

Екс-фудбалерот на Манчестер сити, Бенџамин Менди по раскинувањето на договорот со Лориен од Франција пронајде нов ангажман.

Последниот натпревар Менди за францускиот клуб го одигра во текот на летото, а од тогаш беше во потрага по нов ангажман и сега потпиша договор за швајцарски Цирих.

Менди во центарот на вниманието се најде пред неколку години кога беше обвинет за шест силувања и еден обид за силувања. Тогаш неговата кариера тргна во надолна линија, заврши и во притвор, а Манчестер сити го раскина договорот со него.

Пред година ипол Менди беше ослободен од сите обвиненија и се врати на фудбалот, но неговата форма не беше како некогаш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани