Официјално: Барди го продолжи договорот со Леванте до 2022 година!

by
1 минути читање

Леванте и Барди ја продолжуваат соработката, нашиот репрезентативец стави потпис на нов, побогат договор со откупна клаузула од 50 милиони евра со траење до 2022 година.

„Играчот од средниот ред Енис Барди и Леванте постигнаа согласност за продолжување на договорот за уште две дополнителни години. Па тој ќе остане во клубот до 30 јуни 2022 со опција за продолжување на уште две сезони“, стои во соопштението на Леванте.

Со откупната клаузула од 50 милиони евра, Барди станува најскапиот македонски фудбалер во историјата.

Барди досега за Леванте има одиграно 38 натпревари и постигнато десет голови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани