Oфицијално: Баерн Минхен има нов голман

by Стефан
1 минути читање

Како и што се најавуваше во претходните денови, Баерн Минхен ја официјализираше соработката со младиот голман Џонас Урбиг.

Овој 21-годишен чувар на мрежата во редовите на гигантот од Минхен пристигнува од Келн каде што сезонава собр 11 настапи, а со Баерн стави потпис на договор до 2029 година.

Уррбиг е свесен дека од него има големи очекувања и дека го гледаат како наследник на легендрниот Мануел Ноер.

„Баерн е еден од најголемите клубови во светот. Горд сум што сум тука и се радувам што наскоро ќе го запознаам својот нов тим. Мојата цел е професионално да работам на себе секој ден и да продолжам да се развивам во нашата голманска група која ја води Мануел Ноер“, изјави Урбиг на промоцијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани