Од Евертон се пожалија: Вуду магија е виновна за трансферот на Лукаку!

by
3 минути читање

Белгиецот
минатото лето заврши во Манчестер јунајтед во трансфер вреден 75 милиони фунти,
плус уште десетина милиони фунти во бонуси.

Евертон немаше
друга опција освен да го продаде напаѓачот откако Ромелу Лукаку одби да стави
потпис на нов договор.

Главниот акционер
на Евертон, Фархад Мошири сега откри дека тие сториле се што можеле за да го
задржат голгетерот, но морале да се разделат поради вуду магија.

„Потрошив две
лета во обидите да го убедам Ромелу да остане. Првото лето, потрошив три месеци
со неговиот агент, со него, неговата мајка и неговото семејство и успеав да го
задржам додатни 12 месеци
– вели британскиот милијардер со потекло од Иран.

„Потоа, минатото
лето му понудивме подобар договор од оној на Челси. Секоја понуда на Челси ние
ја изедначивме, но тој не сакаше да остане. Во тоа време сакаше да игра за
Челси
.

„Можам да ве
осигурам дека сторивме се што можевме за да го задржиме. Ако ви кажам каква
плата му понудивме, нема да ми верувате. Му понудивме подобра плата од онаа
која му ја нудеше Челси и неговите агенти дојдоа во Финч Фарм да стават потпис
на договорот. Роберт Елстоун (главниот извршен директор на Евертон) исто така
беше таму, сите коцки се поклопија и одеднаш сред состанок, Ром се јави на
неговата мајка. Таа беше на аџилак во Африка и вуду магионичар рекол дека тој
треба да оди во Челси и тука пропадне се. Кога замина во Лос Анџелес, повеќе не
планираше да се врати
.

Ромелу Лукаку
сепак не се пресели во Челси, Манчестер јунајтед реагираше во последен момент и
го украде од пред носот на „Сините“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани