Од дистрибутер на млеко по села во Англија, до голман во репрезентацијата на оваа фудбалска земја

by
2 минути читање

Доста интересна животна приказна има зад себе 25 годишниот чувар на мрежата на англискиот премиерлигаш
Барнли, Ник Поуп, кој мина малку потежок пат до успехот во својата кариера,
работејќи како дистрибутер на млеко а истовремено бавејќи се и со фудбалот, но
во седмолигашката конкуренција во Англија.

Како дете бил дел
од младинскиот погон на Ипсвич, но во тој клуб процениле дека во него нема
голем талент по што на 16 години си заминал од тој клуб откако добил отказ.

Кога ќе добиеш
отказ на 16 години не можеш многу да се надеваш на нешто подобро во иднина. Две
години студирав маркетинг во бизнисот, па една година минав на спортски студии,
имав некои вработувања во текот на тој период како дистрибутер на млеко, во
оние електрични камиончиња, наутро стануваш во четири часот, одиш по селата, но
тоа ми дозволуваше за три години да одиграм 150 натпревари на аматерско ниво,
нешто што не би можел да играв на академија во некој поголем клуб
“ се потсетува
Поуп.

Во сениорска
конкуренција, најнизок ранг на натпреварување каде што јас учествував беше
седмата лига на Англија, или поточно Риман Премиерлига со Бјури и со тимот на
Хароу Бороу. Играв на натпревари каде во публиката имаше десетина луѓе и по
некое куче на трибината, доколку ја имаше секако
“ додаде тој.

Барнли со голем
успех настапува сезонава во најсилниот англиски фудбалски шампионат,
Премиерлигата, каде со 43 бода се наоша на седмата позиција на табелата, а
токму Поуп е незаменлив на голот на оваа екипа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани