Облак е од друг свет: Словенечкиот голман со чудесна интервенција спречи гол на соиграчот на Ристовски (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Спортинг Лисабон
беше мошне близу до израмнување на негативата стекната од првиот меч на гости
кај Атлетико Мадрид со 0-2, но на домашен терен синоќа во реваншот од
четвртфиналето обезбеди само минимална победа со голот на Монтеро во првото
полувреме.

Веројатно сите
честитки за тоа што Атлетико Мадрид избори место помеѓу четирите најдобри екипи
сезонава во Лига Европа, одат на сметка на Јан Облак, словенечкиот голман кој
имаше блескава партија, а една од неговите чудесни интервенции беше онаа кога
Коатес стрелаше доста прецизно со глава, но залудно кога имаш ваков голман пред
себе…

class="instagram-media" data-instgrm-permalink="https://www.instagram.com/p/BhfKxI5A22s/" data-instgrm-version="8" style=" background:#FFF; border:0; border-radius:3px; box-shadow:0 0 1px 0 rgba(0,0,0,0.5),0 1px 10px 0 rgba(0,0,0,0.15); margin: 1px; max-width:658px; padding:0; width:99.375%; width:-webkit-calc(100% - 2px); width:calc(100% - 2px);">

Нашиот Стефан
Ристовски на мечот во Лисабон играше се
до 78. минута кога беше заменет со Думбиа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани