Најновата анализа на Меѓународниот центар за спортски истражувања (ЦИЕС) покажа дека Ламин Јамал е убедливо највредниот фудбалер во светот во овој момент.
Суперталентираниот крилен напаѓач на Барселона според пресметките на ЦИЕС има проценета трансферна вредност од дури 358,1 милиони евра, бројка која го издвојува далеку пред конкуренцијата и го поставува на врвот на светскиот фудбал.
Зад Јамал се наоѓа напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, чија вредност е проценета на 227,3 милиони евра. На третото место му припаѓа на Килијан Мбапе со 165,7 милиони евра.
Во друштвото на десетте највредни фудбалери се најдоа и Мајкл Олисе, Морган Роџерс, Дезире Дуе, Кенан Јилдиз, Нико О’Рајли, Арда Ѓулер и Пау Кубарси, што покажува дека новата генерација се повеќе доминира на фудбалскиот пазар.