Челси го совлада
Манчестер јунајтед со 1-0 благодарение на голот од пенал кој го постигна Еден
Азар во вчерашното финале од овосезонски ФА Куп, со тоа што стигна до осмата
титула во тоа натпреварување.
Голема радост за
минатогодишниот првак на Англија имаше по последниот судиски свиреж, па ако се
земе во предвид лошата сезона за таа екипа, тоа беше мала светлина во тунелот
за Челси.
Бразилецот
Вилијан имаше една доста интересна објава на социјалните мрежи каде објави
фотографија од прославата со целата екипа на теренот на Вембли во Лондон, а
италијанскиот стратег Антонио Конте го покри со титули, која беше неговата
порака засега е нејасно, дали сакаше да го остави во сенка на тој успех, или
тоа беше еден вид награда и пофалба за сработеното од негова страна.