59
Клубот од Северен
Лондон преку триумф во Лига Европа ќе го бара настапот во Лигата на шампионите,
па не го дава максимумот на средбите од Премиерлигата. Сепак и покрај тоа
избраниците на Арсен Венгер со 3-0 славеа над Стоук.
Гостите долго време одолеваа, но кон финишот од средбата Арсенал го подигна
нивото и тоа резултираше со три гола за 15 минути.
Најпрво Обамејанг
од пенал погоди за 1-0, а Габонецот потоа со одличен финиш донесе 2-0 по еден
корнер од десната страна. Во 89. минута од мечот, напаѓачот се откажаод хет-трик и му дозволи на Лаказет
да шутира од белата точка. Французинот, кој се врати во составот по повредата,
прецизно биеше за 3-0.