Обамејанг: Реал Мадрид не е моја желба повеќе

by
1 минути читање

27 годишниот напаѓач на
германскиот бундеслигаш, Пјер-Емерик Обамејанг иако подолг период се поврзуваше
со трансфер во шпанскиот и европски првак Реал Мадрид, сепак, се чини дека сето
тоа е веќе минато.

Габонецот ги демантираше
шпекулациите дека ќе стави потпис на нов договор со Борусија Дортмунд, а притоа
додаде дека во однос на Атлетико Мадрид сите опции ќе бидат отворени со
евентуалното заминување на Антоан Гризман.

Нема вистина во тоа
дека сакам да го продолжам договорот со Борусија Дортмунд. Трансфер пазарот е
за мене отворен. Реал Мадрид? Тој клуб повеќе не е моја желба, не размислувам
воопшто на таа тема
“ вели Обамејанг.

Атлетико Мадрид? Сите
знаат дека тој клуб бара фудбалери насекаде во светот, мислам дека Антоан
Гризман би можел да си замине и со тоа се ќе може да се случи
“ додаде Габонецот
за „
Oest
France
“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани