2,3K
Пјер-Емерик Обамејанг и
Хенрих Мхитарјан повторно се заедно во иста екипа, ако претходно тоа беше Борусија
Дортмунд, овој пат тоа е Арсенал, каде преминаа во изминатиот зимски јануарски
преоден рок.
„Повторно сме заедно во
ист тим, како браќа, како добри пријатели, игравме заедно во минатото и среќен
сум што го гледам повторно“ вели Обамејанг кој притоа открива како течела
нивната конверзација пред да потпишат за тимот од Лондон.
„Тој ми се јави неколку
пати и постојано ме прашуваше ‘Дали ќе дојдеш, или не?’ Јас му одговорив ‘Прво, мораш ти да ми кажеш дали ќе потпишеш’“ открива Габонецот.