Обамејанг ја објасни одлуката да игра за Габон, а како опции ги имал Шпанија и Франција

by
1 минути читање

Пјер-Емерик Обамејанг
ги имаше Франција и Шпанија како опции за тоа чиј национален дрес да носи во
својата фудбалска кариера, всушност беше дел од селекцијата на Франција за
играчи до 21 година, но го избра Габон, иако е роден во Лавал, неговата мајка е
Шпанка, но неговиот татко Габонец.

Бев многу млад
кога ја донесов таа одлука, на фудбалерите понекогаш им е потребно повеќе време
за да ги разгледаат сите опции и да ја донесат вистинската одлука, но за мене
изборот беше многу јасен
“ рече Обамејанг.

Сакав да ги
следам чекорите на мојот татко, тој беше капитен на Габон во минатото, можев да
бирам помеѓу Шпанија и Франција, играв за репрезентацијата на Франција за
фудбалери до 21 година, но многу брзо сфатив дека моето срце сака да ги следи
стапките на мојот татко
“ додаде напаѓачот на Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани