Њукасл не се шегува: Ќе потроши 125 милиони евра на три засилувања?

by Стефан
1 минути читање

Екипите на Њукасл во сезоната која следи ќе настапува Лигата на шампионите, а јасно е дека на тимот му се потребни квалитетни засилувања за да се справи со предизвиците на повеќе фронтови.

Според информации на угледниот британски „Телеграф“, веќе е познато кои се трите најголеми желби на клубот од „Сент Џејмс Парк“.

Прв на листата желби е Жоао Педро, за кого Њукасл е подготвен да издвои 50 милиони фунти. Преговорите се во завршна фаза и се очекува трансферот да биде официјализиран во наредните денови.

Покрај него, на листа се наоѓа и голманот Џејмс Трафорд, 2кој би пристигнал за 15 милиони фунти, како и брзоногиот крилен фудбалер на Нотингем Форест, Ентони Еланга за кој би требало да издвојат уште 50 милиони.

Тренерот Еди Хау сака барем двајца од овие тројца фудбалери да се приклучат на тимот до 7 јули, кога започнуваат официјалните подготовки за новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×