65
Иако се чинеше дека
двете победи во низа, против Верона во Купот, односно Болоња во првенството се
увертира за подобри резултати, тоа не се случи, Милан денеска пред своја
публика загуби од Аталанта со 0-2 во редовното коло од италијанската Серија А.
Головите за гостинскиот
табор ги постигнаа Кристанте и Иличиќ, обата беа постигнати во по едно
полувреме.
Тимот на Џенаро Гатузо
беше очаен, иако имаше целосна доминација на мечот, а гостите го освоија сиот
плен од овој меч.
Со овој пораз Милан се
наоѓа на средина од табелата со освоени 24 бода по 18 одиграни меча, Аталанта е
на седмото место со три бода повеќе.