Новата 7ца на Јунајтед се порадава како алва, Алексис Санчез урнал неколку рекорди

by
1 минути читање

Во јануари, Манчестер јунајтед успеа да го украде Алексис Санчез од пред носот на својот лут ривал Манчестер Сити. Трансферот на Чилеанецот предизвика голем интерес кај фановите.

Првиот човек на „Црвените ѓаволи“, Ед Вудворд се пофали дека Алексис Санчез урнал неколку рекорди.

„Алексис Санчез постави нов рекорд за јануарско засилување кога е во прашање продажбата на дресови, новата „7ца“ се продава три пати повеќе од претходниот рекорд“ – вели генералниот извршен директор на клубот од Олд Трафорд.

Чилеанецот исто така „растурил“ и на социјалните мрежи, каде за оваа зделка се зборувало повеќе и од светски рекордниот трансфер на Нејмар од Барселона во ПСЖ.

„Зделката генерираше и интересни статистики на социјалните мрежи. Тоа беше најголемиот пост на Јунајтед на Инстаграм со два милиони лајкови, најшеруван пост на Фејсбук, најретвитуван пост на Твитер и хаштагот Алексис7 беше број 1 трендинг топик на Твитер во целиот свет. За подобро да ви го доловам сето ова, постот со кој го најавивме трансферот генерираше 75% повеќе интеракција од продажбата на најскапиот играч во светот односно преселбата на Нејмар од Барса во ПСЖ“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани