101
Второлигашот Новаци реагираше по заминувањето на Дарко Крстески и го именуваше Иван Варадиновски за нов шеф на стручниот штаб.
Триесет и седумгодишниот стратег пристигнува во клубот по успешната работа во Кожув, а зад себе има богато искуство во Втората македонска фудбалска лига.
Во досегашната тренерска кариера Варадиновски ги предводеше и екипите на Детонит, Саса и Пехчево.
Пред новиот тренер стои предизвик да го надмине резултатот од минатата сезона, кога Новаци го освои седмото место на табелата во Втората лига со 51 бод и без поголеми проблеми обезбеди опстанок во конкуренцијата.