Младиот голман
поминува низ тежок период, откако по двата кикса против Јувентус во финалето од
Купот на Италија, вчера направи нова грешка. Милан беше на прагот до победа
против Аталанта и три бода со кои ќе го осигураат местото број шест на
табелата.
Но Џиџо Донарума
дозволи Масиело во 92. минута да ја затресе неговата мрежа, голманот не ја
затвори поблиската статива а и интервенцијата му беше неспретна.
Сепак, ова не
беше единственото разочарување за 19 годишниот Италијанец. По последниот свиреж
на судијата, тој се упатил да ги поздрави тифозите на Милан и им го понудил
својот дрес. Но тие го одбиле и му порачале „Не го сакаме твојот дрес“.
Навивачите на Милан во Бергамо без проблем ги земале дресовите кои ги понудиле
останатите играчи како Бонучи, Ромањоли и Абате.
Џиџо Донарума не
можел да поверува што се случува, и со дресот во рака и наведната глава се
упатил кон соблекувалната каде го чекал неговиот брат Антонио.
Киксовите на
голманот не се единствената причина зад новата тензија со тифозите, двете
страни долг период не се во добар однос, причина е циркузот кој го направи Џиџо
Донарума минатото лето во преговорите за новиот договор во кој на крајот се
исценка за неверојатна плата од 6 милиони евра по сезона. Секако тука е и Мино Рајола,
кој не е омилен лик помеѓу навивачите бидејќи постојано се обидува да најде нов
клуб за својот клиент.